После седум години игри на Мбапе, официјално потпиша за Реал! (ВИДЕО)

July 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

После седум години игри на Мбапе, официјално потпиша за Реал! (ВИДЕО)

Дојде и тој момент, Килијан Мбапе потпиша за Реал Мадрид. Тој денеска ќе биде претставен пред 85.000 навивачи на Сантијаго Бернабеу и ова ќе биде историски момент. Сагата со Мбапе и Реал Мадрид датира од 2017 година. Кога тогаш реши да го напушти Монако, Французинот се реши за трансфер во ПСЖ. Потоа, во 2021 година пак се обидоа, но ПСЖ ги одби понудите на Реал. Во 2022 година кога сите мислеа дека тој ќе премине во Реал Мадрид, тој реши да го продолжи договорот до 2024 година со опција да се обнови уште една година, но самиот Мбапе требаше да ја активира последната година, што тој очигледно не го направи тоа и реши бесплатно да замине од ПСЖ. Конечно, тој утрово ги помина редовните лекарски прегледи и започнува со кариерата во Реал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.