Последен пат Јуве ваков пораз на домашен терен во Серија А доживеал пред 58 години!

March 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Последен пат Јуве ваков пораз на домашен терен во Серија А доживеал пред 58 години!

Јувентус доживеа тежок удар на „Алианц Арена“, откако пред своите навивачи беше декласиран од Аталанта со 0-4. Овој дебакл претставува најголемиот домашен пораз на тимот во Серија А од октомври 1967 година, кога загуби со идентичен резултат против Торино. Новото разочарување дополнително ја разниша позицијата на Тијаго Мота, кој и онака беше под притисок поради елиминациите од Лигата на шампионите и Купот на Италија. Се повеќе се шпекулира за неговата иднина, а како можни наследници се споменуваат Џан Пјеро Гасперини, кој токму синоќа го понижи Јувентус, како и Антонио Конте и Роберто Де Зерби.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.