Последен поздрав: Донарума си заминува од ПСЖ (ВИДЕО)

August 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Последен поздрав: Донарума си заминува од ПСЖ (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен со минимални 1-0 го совлада Анже на „Паркот на принцовите“ и дојде до максимални два победи од два натпревари на стартот од Лига 1. Но, покрај резултатот, овој натпревар ќе се памети и по еден друг момент – извесното заминување на Џанлуиџи Донарума од редовите на „светците“. Италијанскиот голман беше дел од тимот, но не и на теренот. Наместо во дресот на ПСЖ, тој се појави во обична облека, без клупски обележја, што дополнително ги зајакна шпекулациите околу неговото заминување. Донарума доби можност за последен пат да ги поздрави навивачите на ПСЖ, кои му возвратија со скандирања и аплаузи, оддавајќи му признание за изминатите сезони. Причината за разделбата е неуспешниот обид да се постигне договор за продолжување на соработката – неговиот актуелен договор истекува следното лето, а ниту клубот ниту голманот не најдоа заеднички јазик. Следната дестинација на Донарума, според најавите, ќе биде Премиер лигата. Неколку англиски клубови веќе покажаа интерес за 25-годишниот чувар на мрежата, па останува да се види кој ќе успее да го доведе едно од најзвучните голмански имиња во Европа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.