Постигнат е договор: Санчо преминува во Челси!

August 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Постигнат е договор: Санчо преминува во Челси!

Челси и Манчестер Јунајтед конечно постигнаа договор за Џејдон Санчо со кој Англичанецот ќе биде на позајмица со обавезен откуп наредното лето каде цифрата засега не е откриена. Санчо од порано се договори со Челси за трансферот, а сега Романо пренесува дека е постигнат конечен договор. Иако се чинеше дека Санчо можеше да остане каде наводно „се смирија“ со Тен Хаг, сепак Јунајтед очигледно не сметал на него и сега ќе се ослободат од крилниот напаѓач. Тој дојде во Јунајтед во 2021 година од редовите на Дортмунд за 85 милиони евра каде не ги исполни очекувањата, а вториот дел од минатата сезона исто така ја помина во Дортмунд на позајмица каде особено во Лигата на шампионите имаше добри настапи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.