Изгледа постои полош фудбал и од нашиот: Признаен гол кој не ја допре ни линијата! (ВИДЕО)

September 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Изгледа постои полош фудбал и од нашиот: Признаен гол кој не ја допре ни линијата! (ВИДЕО)

Неверојатни сцени доаѓаат Црна Гора каде се случи невиден скандал на натпреварот меѓу Јединство и Дечиќ во шампионатот. Имено, при резултат 0-0 Каике Чагас биеше со глава а голманот на Јединство ја фати топката која не стигна ниту до линијата. По консултација на главниот судија со помошникот, беше одлучено дека топката ја поминала гол-линијата. Ваквата ситуација е неверојатна и истата не би се случила дури ни во македонскиот фудбал колку и тоа смешно да звучи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.