Шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш е Ð..." /> Потег за почит: Ѓокереш „жртвувал“ дел од платата само за да потпише за Арсенал – Статива

Потег за почит: Ѓокереш „жртвувал“ дел од платата само за да потпише за Арсенал

July 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Потег за почит: Ѓокереш „жртвувал“ дел од платата само за да потпише за Арсенал

Шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш е подготвен за нов предизвик и ја избра својата следна дестинација – Арсенал. Голгетерот на Спортинг Лисабон веќе ги договорил личните услови со лондонскиот клуб, но трансферот засега не е финализиран поради финансиските услови на португалскиот тим.

Засега не е позната сумата која Спортинг ја бара, но сепак се верува дека страните се близу до договор. Воедно, Ѓокереш направи несекојдневен потег – според познатиот новинар Фабрицио Романо, Швеѓанецот се откажал од два милиони евра од својата идна плата, со цел да го олесни договорот и да помогне во реализација на трансферот.

Ѓокереш имаше блескава сезона во дресот на Спортинг и го привлече вниманието на неколку европски гиганти, но Арсенал останува негов прв избор. Сега останува на клубовите да ја пронајдат заедничката финансиска формула која ќе го отвори патот за официјализација на договорот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.