Потег за почит: Гвардиола им поделил 600.000 евра на вработените во Манчестер Сити!

August 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Потег за почит: Гвардиола им поделил 600.000 евра на вработените во Манчестер Сити!

Пеп Гвардиола уште еднаш ја покажа својата големина. Тој решил на секој вработен во клубот да му даде 10.000 фунти, поточно за рецепционерите, физиотерапевтите, келнерите, обезбедувањето и слично, а ова вкупно го чинело 600.000 евра. Со ова тој им се заблагодари на вработените во клубот за постигнатите резултати во минатата сезона во која ја освоија Премиер лигата четврти пат во низа. „Овие осум години бевме совршено обединети. Сите, играчите, клубот, персоналот, помошниците. Атмосферата е навистина добра и така е веќе со години наназад“, рече Гвардиола. Тој честопати на прес-конференциите пред натпреварите им се заблагодарува токму на овие луѓе кои „зад сцената“ придонесуваат за успесите на клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.