Потресни сцени на судењето на Марадона: „Вака умре Диего“ (ВИДЕО)

March 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Потресни сцени на судењето на Марадона: „Вака умре Диего“ (ВИДЕО)

Судскиот процес во Буенос Аирес откри шокантни детали за смртта на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона, кој почина на 25 ноември 2020 година на 61-годишна возраст. Обвинителот Патрисио Ферари презентираше контроверзна фотографија од моментот на смртта на Марадона, што ги затекна членовите на неговото семејство. „Вака умре Марадона“, изјави Ферари додека ја покажуваше фотографијата, нагласувајќи дека неговата критична здравствена состојба била очигледна, па ниту еден од обвинетите лекари не може да тврди дека не бил свесен за сериозноста на ситуацијата. Во судницата настана емотивен момент кога ќерките Далма и Ѓанина се расплакаа, додека нивната сестра Јана остана прибрана и се обиде да ги утеши. За случајот се обвинети осум лица, меѓу кои главно лекари и медицински сестри кои се грижеле за Марадона во последните денови од неговиот живот. Највисока казна, до 25 години затвор, се бара за неговиот личен лекар, неврохирургот Леополдо Лук.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.