Потроши над 100 милиони, сега доби отказ: Лопетеги заминува од Вест Хем!

January 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Потроши над 100 милиони, сега доби отказ: Лопетеги заминува од Вест Хем!

Како што беше најавувано подолго време, раководството на премиерлигашот Вест Хем донесе одлука да го отпушти тренерот Јулен Лопетеги. Овој чекор не е големо изненадување, бидејќи Лопетеги беше под постојан притисок поради лошите резултати. Отказот на Лопетеги доаѓа по убедливиот пораз од Манчестер со 4:1, кој остави Вест Хем на 14. место на табелата со само 23 бода. Иако засега не е потврдено официјално, последните најави од Островот сугерираат дека поранешниот тренер на Брајтон и Челси, Грем Потер, ќе биде новиот тренер на Вест Хем. Лопетеги потроши околу 130 милиони фунти на засилувања летово и има навистина фантастични играчи, но резултатите не дојдоа па затоа Вест Хем реши да се раздели со Шпанецот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.