Потврдена е најголемата продажба на Арсенал во нивната историја!

August 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Потврдена е најголемата продажба на Арсенал во нивната историја!

Емил Смит Роу од Арсенал беше официјализиран како нов фудбалер на другиот клуб од Лондон - Фулам. Овој трансфер е најскапиот кој го прави Фулам и најголемата продажба која ја прави Арсенал. Фулам на Арсенал ќе му плати 27 милиони фунти плус 7 милиони фунти во бонуси. „Зборувајќи за проектот, зборувајќи со тренерот, мислам дека ова е возбудлив проект за мене и дефинитивно перфектен чекор за мојата кариера напред“, вели Емил Смит Роу. Иако важеше за еден од најголемите таленти во редовите на Арсенал, честите повреди и неконстантноста едноставно го исфрлија од Арсенал, но во редовите на Фулам може да покаже за каков играч станува збор, нормално ако остане здрав и игра често.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.