Повредата на Јамал предизвика кавга меѓу Барселона и репрезентацијата

September 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Повредата на Јамал предизвика кавга меѓу Барселона и репрезентацијата

Барселона ќе мора да настапи без Ламин Јамал против Валенсија, откако младиот бисер на каталонскиот клуб заработи повреда. Иако 17-годишникот веќе чувствувал болки, сепак одигра два натпревари за шпанската репрезентација во квалификациите за СП 2026. Тоа предизвика жестока реакција од тренерот Ханси Флик, кој не го криеше незадоволството од колегата Луис де ла Фуенте. Германецот смета дека селекторот на Шпанија не го заштитил талентираниот офанзивец. „Јамал замина на репрезентација со болки и не тренираше. Му дадоа лекови против болка и сепак одигра 73 и 79 минути, иако Шпанија имаше три гола предност на двата меча. Меѓу натпреварите не можеше ни да тренира. Играчот не е виновен, но јас сум многу лут поради ова,“ изјави Флик.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.