December 1, 2024 | | Свет
Хари Кејн беше приморан да го напушти дербито против Борусија Дортмунд уште во првото полувреме, поради повреда која се случи во 33. минута на натпреварот. Според најновите информации од Германија, повредата на Кејн не се смета за сериозна, но сепак напаѓачот ќе ја пропушти средбата против Леверкузен, која се игра во среда, во рамките на Купот на Германија. Ќе остане да се чека со нетрпение како ќе се развие ситуацијата со неговото закрепнување. Винсент Компани ги смирува навивачите велејќи дека не се работи за сериозна повреда. „Хари ми рече дека не е многу лошо, и се надевам дека е така. Ќе направиме дополнителни тестови. Ќе биде тешко да игра против Баер Леверкузен. Не знам многу играчи кои успеваат толку брзо да се опорават“, рече Компани.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |