Повредата на Меси е незгодна, конечно Интер Мајами ја откри неговата состојба

July 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Повредата на Меси е незгодна, конечно Интер Мајами ја откри неговата состојба

Меси се повреди во финалето на Копа Америка каде се здоби со оштетување на лигаментите на десниот зглоб. Тој го напушти теренот во 66. минута од финалето на турнирот. „По медицинските прегледи, беше утврдено дека Лео Меси има повреда на лигаментите на десниот скочен зглоб. Кога ќе се врати на теренот ќе биде јасно по периодичните прегледи и напредокот на неговото закрепнување“, стои во соопштението на Интер Мајами. Сепак нема конкретни информации за неговото враќање на теренот иако тренерот Тата Мартино рече дека тој нема да игра во следните два натпревари на Интер Мајами, а допрва ќе се знае дали ќе отсуствува и повеќе.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.