Познат е бројот на дресот кој ќе го носи Миовски, ќе дебитира против Атлетико Мадрид!

August 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Познат е бројот на дресот кој ќе го носи Миовски, ќе дебитира против Атлетико Мадрид!

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски е регистриран во Ла Лига па овој викенд ќе може да дебитира за Жирона. Неговиот нов тим ќе гостува кај Атлетико Мадрид, а откриено е и дека тој ќе го носи дресот со број 19. Тој претходно дресот со број девет го носеше во Абердин, но овде во Жирона истиот го носи Абел Руиз. Првиот натпревар за својот нов клуб Миовски ќе го има во недела кога од 21:30 часот Жирона му гостува на Атлетико Мадрид. Наводно, тој нема да настапи 90 минути, па ќе одигра некоја минута влегувајќи од клупата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.