Познат е датумот кога Мбапе ќе биде презентиран како играч на Реал!

July 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Познат е датумот кога Мбапе ќе биде презентиран како играч на Реал!

Реал Мадрид ја извести јавноста дека Килијан Мбапе следниот вторник, поточно 16-ти јули ќе биде презентиран како нов играч на клубот од Мадрид. Тој ќе биде пречекан од , Флорентино Перез каде свечено ќе биде потпишан петгодишниот договор. Се очекува целиот настан да биде спектакуларен каде има најави дека ќе има над 80.000 фанови на неговата презентација. По завршувањето на презентацијата, Мбапе ќе даде изјава за медиумите во прес собата на Бернабеу.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.