March 8, 2025 | | Свет
Милан веќе ги подготвува плановите за следната сезона, почнувајќи со избор на нов тренер кој ќе го замени Сержо Консеисао. Неуспехот да се обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона би бил огромен удар за клубот, а незадоволството кај навивачите веќе расте поради моменталните резултати. Милан сака да се врати на победничките патеки, па токму поранешниот тренер на Јувентус се смета за идеален избор со оглед на неговото искуство и богатата колекција на трофеи. Наводно, сопственикот на Ред Бирд, Гери Кардинале, и извршниот директор Џорџо Фурлани одржале состанок во Њујорк за да разговараат за иднината на клубот. Се чини дека деновите на Консеисао на кормилото на Милан се избројани, а неговото заминување може да се случи на крајот на сезоната или дури и порано, особено ако тимот загуби на натпреварот против Лече. „Росонерите“ сакаат да вложат во тренер кој знае како да освојува трофеи, па сметаат дека Масимилијано Алегри е вистинскиот избор. Поранешниот тренер на Милан веќе ја познава средината, што е дополнителна предност. Неговата флексибилност во тактиката и способноста да се прилагоди на играчите со кои располага го прават примарен избор за оваа позиција. Сепак, Милан има и алтернативен план доколку не успее да го договори Алегри. Клубот ја разгледува можноста да донесе ново тренерско име, при што Сеск Фабрегас и Роберто Де Зерби се меѓу потенцијалните кандидати за преземање на тимот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |