Познат составот на Реал: Мбапе ќе дебитира од првата минута!

August 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Познат составот на Реал: Мбапе ќе дебитира од првата минута!

Реал Мадрид и Аталанта со почеток од 21 часот ќе се борат за трофејот на УЕФА Суперкупот. Во редовите на тимот од Мадрид го нема Камавинга поради повредата која ја заработи вчера на тренингот каде ќе отсуствува околу два месеци, а кај Аталанта нема да настапи повредениот Скамака, Компајнерс не е во комбинација поради извесниот трансфер во Јувентус, а повреден е и Скалвини. Реал Мадрид: Куртоа, Карвахал, Милитао, Рудигер, Менди, Валверде, Чуамени, Белингем, Винициус, Мбапе, Родриго Во стартниот тим на Аталанта пак се најдоа: Мусо, Џимшити, Хиен, Колашинац, Запакоста, Едерсон, Де Рон, Руџери, Де Кетеларе, Пашалиќ, Лукман.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.