February 14, 2025 | | Свет
Светот на фудбалот со нетрпение ја очекува одлуката за иднината на Мохамед Салах – дали ќе остане во Ливерпул или ќе се пресели во друг клуб следната сезона. За египетската ѕвезда постои огромен интерес од Саудиска Арабија, додека челниците на ПСЖ исто така се обидуваат да го доведат во своите редови. Сепак, сега неговиот агент испрати јасна порака за тоа дали ќе потпише нов договор со Ливерпул. Рами Абас Иса, менаџерот на Салах, сподели објава од навивачка страница, додавајќи краток, но значаен коментар. „Одличен во својата работа“, мислејќи на тренерот на Ливерпул. Оваа порака веднаш предизвика реакции, а многумина веруваат дека тоа е индиректна потврда дека Салах ќе остане на „Енфилд“ и во иднина.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |