July 17, 2024 | | Свет
Кристијано Роналдо заедно со Лионел Меси доминираше во светот на фудбалот повеќе од две децении. Иако на ова Европско првенство покажа дека неговите најдобри денови се позади него, сепак неговите фантастични моменти во неговата кариера тешко се забораваат. Кариерата на Роналдо тргна нагоре кога во 2003 година премина од Лисабон во Манчестер Јунајтед. Овој потег го означи почетокот на ѕвездениот пат кој вклучуваше престој во Реал Мадрид и Јувентус, враќање во Манчестер Јунајтед и од неодамна, Ал Наср. Она што кај него може да се забележи е дека тој нема тетоважи на телото, но зошто е тоа така? Имено, причината за ова е неговата посветеност на редовното дарување крв каде во интервју пред десетина години ја објасни причината. „Немам тетоважи за да можам почесто да дарувам крв“, објасни тој. Познато е дека крводарителите треба да чекаат неколку недели или дури месеци по тетовирањето пред да можат повторно да даруваат крв, поради ризикот од инфекција од свежите тетоважи. Тој почнал да дарува крв од 2011 година, а се инспирирал од синот на неговиот соиграч од Португалија, Карлуш Мартинш, кој имал потреба од дарување крв и коскена срцевина.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |