Позната казната за Белингем по исклучувањето против Осасуна

February 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Позната казната за Белингем по исклучувањето против Осасуна

Реал Мадрид ја доби конечната одлука за суспензијата на Џуд Белингем по неговото исклучување против Осасуна. Според извештаите, англискиот фудбалер наводно упатил навреди кон судијата, иако самиот го негираше тоа, а арбитерот Монтеро се најде под притисок на јавноста. Белингем нема да може да настапи на два натпревара во Ла Лига – домашниот дуел со Џирона и гостувањето кај Бетис. Во меѓувреме, Реал ќе одигра и меч од Купот на Кралот против Реал Сосиедад на 26 февруари. Клубот најави жалба на одлуката со надеж дека суспензијата ќе биде намалена или целосно поништена.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.