July 2, 2025 | | Свет
Со вчерашните натпревари, целосно се комплетираше четвртфиналната фаза на Светското клупско првенство, а останатите осум екипи ќе се борат за големиот трофеј во светскиот клупски фудбал.
Иако елиминацијата на фаворитите Манчестер Сити и Интер ја направи едната страна на костурот помалку атрактивна за публиката, тимовите што се таму покажаа дека целосно го заслужуваат своето место меѓу најдобрите.
На едната страна Флуминенсе ќе се соочи со Ал Хилал каде победникот од тој дуел ќе игра во полуфинале против подобриот од натпреварот Челси – Палмеирас.
На другата, далеку позвучна страна, ќе следиме супер-дуел помеѓу ПСЖ и Баерн Минхен, како и класика меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |