September 13, 2024 | | Свет
Пеп Гвардиола и понатаму останува најплатениот менаџер во Премиер лигата и покрај тоа што Артета ја зголеми платата и го продолжи договорот со Арсенал за уште три години.
Како што пренесува англиски „The Sun“, Гвардиола заработува 20 милиони фунти, а позади него е токму Артета со 10 милиони фунти по сезона.
Унај Емери е на третата позиција и заработува 8 милиони фунти, а тука е и Ерик Тен Хаг чија плата се намали за 25 отсто, односно заработува 6,75 милиони фунти бидејќи Манчестер Јунајтед не обезбеди место во Лигата на шампионите.
На петтата позиција се наоѓа Арне Слот кој заработува 6,2 милиони фунти, а интересно е што Шон Дајч и Енџ Постекоглу заработуваат исто, по 5 милиони фунти по сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |