July 24, 2024 | | Свет
Засега клубовите од Саудиска Арабија имаат прилично мирен трансфер период каде допрва се очекува да тргнат во офанзива и да нападнат ѕвезда од Европа каде ги привлекуваат со луди финансиски договори. Capology се занимава со платите на фудбалерите а денес ги објавија платите на фудбалерите во Саудиска Арабија. На прво место се наоѓа Кристијано Роналдо каде во следните 12 месеци ќе заработи неверојатни 200 милиони евра. Следните на листата се Нејмар и Бензема а Кристијано има поголема плата од нив двајцата заедно. Нејмар и Бензема заработуваат точно по 100 милиони евра, а важно е да се спомне дека сите прикажани плати се бруто а не нето. Марез е четврт на листата каде во Ал Ахли зема плата од 52,2 милиони евра, додека Садио Мане зема пет пати помала плата од Кристијано Роналдо во Ал Наср (40 милиони евра годишно).
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |