Познати почетните состави: Холандија и Англија со по една промена!

July 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Познати почетните состави: Холандија и Англија со по една промена!

Холандија и Англија ќе го одиграат второто полуфинале со почеток од 21 часот. И кај двете селекции има по една промена во споредба со нивните претходни натпревари. Во редовите на Холандија, Мален ќе игра на местото на Бергвајн. Што се однесува до Англија, Гуеи се враќа во почетниот состав и ќе го замени Конса. Холандија ќе игра со стандардната 4-3-3, а Англија ќе ја користи истата формација како против Швајцарија, 3-4-3.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.