December 10, 2024 | | Свет
Денеска се одигра првата првата вечер од шестото коло од Лигата на шампионите каде полека тимовите ги заземаат своите позиции на табелата. Ливерпул продолжи со одлични настапи и ја победи Жирона со 1-0, што го одржа на максимален ефект и го направи првиот тим кој обезбеди пласман во осминафиналето. Со оваа победа, тимот од Енфилд веќе не може да заврши под осмото место во групата, што значи дека нема да учествува во првата елиминациска фаза (за екипите на 9-то до 24-то место). Од друга страна, Лајпциг, тимот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, стана првиот клуб кој е елиминиран од натпреварувањето. Бундеслигашот остана без бодови по шест одиграни натпревари, а со оглед на тоа што тимот од 24. место на табелата има само седум бода, неможен е било каков напредок кон плеј-оф фазата. Лајпциг вечерва загуби на домашен терен од Астон Вила со 2-3, во натпревар во кој германскиот тим три пати беше во негатива. За очекување е тимови како Баерн Минхен, Арсенал, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, како и Милан да ги подобрат своите позиции во преостанатите кола, па така најдобрите европски клубови да бидат во горниот дел од табелата обезбедувајќи подобри места.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |