July 20, 2024 | | Свет
Финансискиот портал „Capology“ денеска ги објави платите на сите фудбалери во Премиер лигата на помалку од еден месец пред почетокот на сезоната. Се исплаќаат плати на вкупно 590 фудбалери каде се издвојуваат околу 1,8 милијарди фунти. Просечната плата на фудбалерите во елитната англиска лига е околу 3 милиони фунти годишно. Најплатен фудбалер во Премиер лигата е Де Брујне со 20,8 милиони фунти годишно, или 400.000 фунти неделно, а тоа е околу 475.000 евра. Не толку далеку е неговиот норвешки соиграч Ерлинг Халанд со 19,5 милиони фунти, а после него следуваат Мохамед Салах од Ливерпул и играчот за врска на Манчестер јунајтед Касемиро со годишна плата 18,2 милиони фунти. Следуваат Стерлинг и Лукаку со по 16,9 милиони фунти, потоа се Бернардо Силва, Маркус Рашфорд и Џек Грилиш со по 15,6 милиони фунти, а топ десет листата ја затвара Хаверц со 14,5 милиони фунти.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |