Познати се сите осминафинални двојки од Светското клупско првенство

June 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Познати се сите осминафинални двојки од Светското клупско првенство

Групната фаза на Светското клупско првенство официјално заврши синоќа со натпреварите од групата Х, со што се комплетираа сите учесници за осминафиналната фаза од турнирот. Реал Мадрид, предводен од Винисиус Жуниор, лесно го совлада Салцбург со 3-0. Покрај Винисиус, стрелци за „кралскиот клуб“ беа и Валверде и младиот Гарсија, кој остави силен впечаток со својот гол. Во вториот натпревар од групата, Ал-Хилал го победи мексиканскиот претставник Пачука со 2-0, благодарение на погодоците на Ал-Давшари и Маркос Леонардо, обезбедувајќи така пласман меѓу најдобрите 16. Во осминафиналето ќе настапат дури девет европски екипи, четири од Бразил, и по една од Саудиска Арабија, Мексико и САД, што ветува возбудлива елиминациска фаза исполнета со пресметки на различни фудбалски школи и стилови. Турнирот влегува во својата највозбудлива фаза – сега нема повеќе простор за калкулации, секој натпревар е одлучувачки, а борбата за светската круна започнува вистински. Двојки за осминафиналето: Палмеирас – Ботафого (28 јуни) Бенфика – Челси (28 јуни) ПСЖ – Интер Мајами (29 јуни) Фламенго – Баерн Минхен (29 јуни) Интер – Флуминенсе (30 јуни) Манчестер Сити – Ал-Хилал (1 јули) Реал Мадрид – Јувентус (1 јули) Борусија Дортмунд – Монтереј (2 јули) Финалето ќе биде на 13 јули, со почеток во 21 часот по средноевропско време.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.