Познати составите: Миовски пак на клупата, но и Лаутаро за дуелот со Сити

September 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Познати составите: Миовски пак на клупата, но и Лаутаро за дуелот со Сити

Со почеток од 21 часот ќе се одиграат дуелите помеѓу Манчестер Сити и Интер, како и помеѓу ПСЖ и Џирона, двата најинтересни дуели вечерва. Што се однесува до првиот дуел, во редовите на Сити нема големи изненадувања, а кај Интер пак, интересно е што нивниот најдобар играч Лаутаро остана на клупата. Почетни состави на Манчестер Сити и Интер: Манчестер Сити (4-3-2-1): Едерсон; Гвардиол, Аканжи, Диас, Луис; Де Брујне, Родри, Силва; Савињо, Грилиш; Халанд. Интер (3-5-2): Зомер; Бисек, Ачерби, Бастони; Аугусто, Зиелински, Чалханоглу, Барела, Дармиан; Тареми, Турам. Во однос на другиот дуел, нашиот Бојан Миовски повторно ќе биде на клупата за Џирона за гостувањето на „Паркот на принцевите“. Почетни состави на ПСЖ и Џирона: ПСЖ (4-3-3): Сафонов; Хакими, Маркињос, Пачо, Мендеш; Руиз, Витиња, Заире Емери; Баркола, Асенсио, Дембеле. Џирона (4-3-2-1): Газанига; Мартинез, Лопез, Крејчи, Гутиерез; Ван де Бек, Ромеу, Мартин; Циганков, Хил; Стуани.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.