Познати составите: Нкунку стартер за Челси, Сити ќе напаѓа со двете брзи крила

August 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Познати составите: Нкунку стартер за Челси, Сити ќе напаѓа со двете брзи крила

Челси и Манестер Сити со почеток од 17:30 часот ќе ги одмерат силите на ,,Стемфорд Бриџ’’. Ова е деби натпревар за Енцо Мареска во Премиер лигата како тренер на Челси, а Гвардиола започнува нова сезона во која ќе ја брани титулата. Челси воопшто не го повика Стерлинг за денешниот натпревар што покажува дека не сметаат на него, а Сити денес ќе игра без нивниот најдобар играч, Родри кој не е доволно спремен за овој натпревар. Челси: Санчез, Густо, Фофана, Колвил, Кукуреља, Каиседо, Лавиа, Енцо Фернандез, Нкунку, Палмер и Џексон. Манчестер Сити: Едерсон, Аканџи, Диаз, Гвардиол, Луис, Ковачиќ, Савињо, Бернардо Силва, Де Брујне, Доку и Халанд.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.