Познато е кога дошло до крај помеѓу Анчелоти и Реал Мадрид

May 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Познато е кога дошло до крај помеѓу Анчелоти и Реал Мадрид

Карло Анчелоти ќе го преземе кормилото на бразилската фудбалска репрезентација, информација која истата селекција денес ја потврди. Во однос на тоа зошто Реал одлучил да го пушти Анчелоти да замине е неговата недоволна посветеност и фокус во клучниот дел од сезоната. Иако „кралевите“ имаа шанса да се борат за сите трофеи, од клубот процениле дека тренерот веќе мислел на следниот предизвик – раководењето со „кариоките“. Од крајот на март, Анчелоти бил во редовен контакт со челниците на Бразилската фудбалска федерација, а последните недели тие разговори станале интензивни, што не поминало незабележано во Мадрид. Наводно, и самите фудбалери биле разочарани од недостатокот на детална подготовка и тактичка анализа пред дуелите со Арсенал во Лигата на шампионите, каде што „кралевите“ беа елиминирани. „Пукнатината“ во односите станала непремостлива, особено по шокот од елиминацијата, а како дополнителен проблем се јавил и обидот на Анчелоти да добие отштета од 10 милиони евра за предвремено раскинување на договорот, барање што било одбиено од страна на клубот. Така, веќе е јасно, Анчелоти ги брои последните денови во Реал Мадрид, а новото поглавје во неговата кариера започнува со голем предизвик во репрезентативниот фудбал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.