Познато каде сака да игра Рашфорд по заминувањето од Јунајтед

December 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Познато каде сака да игра Рашфорд по заминувањето од Јунајтед

Маркус Рашфорд се наоѓа во центарот на вниманието поради неговата неизвесна иднина во Манчестер Јунајтед. Според информациите на Telegraph Рашфорд размислува за нов предизвик и доколку го напушти Олд Трафорд, неговата желба е да се пресели во еден од водечките клубови во Ла Лига. Според изјавите на самиот напаѓач, тој е подготвен да се соочи со нови предизвици, а првите опции за неговиот следен клуб се Барселона и Реал Мадрид. Меѓутоа, и двете овие можности во моментов изгледаат доста комплицирани за остварување. Барселона се соочува со сериозни финансиски проблеми, кои ја отежнуваат реализацијата на ваков голем трансфер, додека Реал Мадрид веќе има доволно играчи во нападот, а фокусот на клубот е насочен кон извлекување на максимум од Килијан Мбапе, кој се смета за главен приоритет. Сепак, Рашфорд сигурно ќе добие понуди од Саудиска Арабија, каде што интерес за неговите услуги веќе покажаа клубови како Ал Итихад, Ал Наср, Ал Хилал и Ал Ахли.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.