September 11, 2025 | | Свет
Михајло Мудрик се наоѓа во најтешкиот период од својата кариера – украинскиот интернационалец на Челси падна на допинг-тест и моментално е надвор од терените. Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) официјално го обвини за прекршување на антидопинг правилникот, откако во неговиот примерок е пронајден мелдониум – супстанција што е забранета во професионалниот спорт. Првите сомнежи се појавија уште кон крајот на 2024 година, кога Мудрик ненадејно исчезна од составот на „сините“. Тогаш самиот излезе во јавност со тврдење дека никогаш свесно не користел забранети средства. Украинскиот новинар Игор Бурбас откри нова верзија на настаните: за време на репрезентативниот собир, Мудрик имал здравствени проблеми и добил инјекција со матични клетки од животинско потекло, конкретно од крава. Во тие препарати, наводно, имало траги од мелдониум, што довело до позитивниот тест. Останува да се види каква ќе биде конечната одлука на ФА, но доколку вината му се потврди, украинскиот фудбалер би можел да се соочи со долга суспензија и неизвесна иднина во елитниот фудбал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |