October 1, 2026 | | Свет
Односот меѓу Кристијано Роналдо и селекторот на Португалија, Жорже Жезус, наводно сериозно се нарушил по последниот натпревар против Норвешка. Според информациите, Роналдо бил испратен на загревање околу 30 минути, но на крајот воопшто не влегол во игра. По натпреварот, Жезус му се извинил на Роналдо во приватен разговор, признавајќи дека погрешно постапил и дека истото ќе го каже и јавно. Сепак, на прес-конференцијата селекторот дал поинаква порака: „Јас сум селекторот и јас одлучувам кој ќе игра!“ Според овие наводи, Роналдо тоа го доживеал како предавство и веднаш решил да го напушти репрезентативниот камп. Доколку овие информации се точни, натпреварот против Велс би можел да биде последниот за Кристијано Роналдо во дресот на Португалија.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |