Познато кога „пукнала тиквата“ меѓу Роналдо и Жезус!

November 19, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Познато кога „пукнала тиквата“ меѓу Роналдо и Жезус!

Нови детали за конфликтот меѓу Кристијано Роналдо и Жорже Жезус откриваат дека наводно бил подготвен план од осум точки за тоа како селекторот требало јавно да се обрати по нивното несогласување. Според „The Athletic“, Роналдо одобрил план во кој Жезус требало да признае дека погрешил што го испратил на загревање, а потоа не му дал можност да влезе во игра. Во планот било предвидено Жезус да го опише Роналдо како „примерен, лојален и професионален“, но и јавно да истакне дека сака тој да продолжи да биде дел од националниот тим. Сепак, Жезус не го следел предложениот план, туку испратил поинаква порака, изјавувајќи: „Јас ги носам одлуките“. Овој одговор наводно воопшто не му се допаднал на Роналдо, кој истата вечер го напуштил репрезентативниот камп и со авион се вратил дома.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.