Познато кој ќе ја наследи „десетката“ од Модриќ – Реал му ја дава симболиката на лидерот

June 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Познато кој ќе ја наследи „десетката“ од Модриќ – Реал му ја дава симболиката на лидерот

По заминувањето на Лука Модриќ од Реал Мадрид по завршувањето на Светското клупско првенство, една ера официјално завршува, но и нова почнува. Како што објави шпанската „Марка“, легендарната „десетка“ ќе премине на грбот на Килијан Мбапе – новата ѕвезда и иднина на „кралскиот клуб“. Францускиот напаѓач, кој во првата сезона го носеше бројот 9, од следната сезона ќе добие број што со години беше симбол на креативноста и лидерството во тимот. Истата симболика веќе ја имавме видено со Кристијано Роналдо, кој ја доби својата „седумка“ откако Раул замина од клубот. Мбапе, кој минатото лето дојде како слободен агент од ПСЖ, веќе покажа зошто е носител на проектот на Реал – постигна 43 гола на 56 натпревари во сите натпреварувања.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.