Познато колку ќе му плати Јунајтед на Спортинг за Аморим и неговите асистенти

October 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Познато колку ќе му плати Јунајтед на Спортинг за Аморим и неговите асистенти

Рубен Аморим наскоро и официјално ќе биде потврден како нов тренер на Манчестер Јунајтед. Според информациите на новинарот Флоријан Плетенберг, Јунајтед ќе му плати 15 милиони евра на Спортинг Лисабон за Аморим и неговиот стручен штаб. Португалецот ќе потпише договор до 2027 година, со опција за продолжување за уште една сезона. Ако се оди според планот, тој наскоро ќе биде тренер на Манчестер Јунајтед.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.