Познато колку време Сака ќе биде надвор од терените

October 23, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Познато колку време Сака ќе биде надвор од терените

Арсенал се соочува со можен сериозен удар, откако се појавија информации дека Букајо Сака би можел да биде надвор од терените најмалку шест недели поради повреда. Според новинарот на Би-Би-Си, Сами Мокбел, денеска ќе бидат направени дополнителни прегледи за да се утврди сериозноста на повредата на англискиот репрезентативец. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, не ги криеше загриженоста и неизвесноста околу состојбата на еден од клучните фудбалери на тимот. „Не изгледа добро. Сака ќе направи уште една магнетна резонанца попладнево, бидејќи имаше доста течност во повреденото подрачје, што го отежна утврдувањето на степенот на повредата. Веројатно утре ќе знаеме повеќе. Потребни ни се уште неколку снимања и мислења од специјалисти“, изјави Артета.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.