November 8, 2024 | | Свет
Нејмар се врати по една година по тешката повреда, но сега го повреди бутниот мускул и ќе биде надвор од терените меѓу четири и шест недели. Сега „90 Min football“ направи една анализа за тоа колкави средства досега издвоил неговиот клуб Ал Хилал за него. Нејмар досега има заработено 120 милиони евра по гол, 40 милиони евра за 40 асистенции и повеќе од 17 милиони евра за секој одигран натпревар. За секој допир во играта заработил 306.000 евра, а за секоја минута на теренот 280.000 евра. Ова се неверојатни цифри бидејќи тој има одиграно само седум натпревари за овој клуб, постигнувајќи еден гол и запишувајќи три асистенции. Се очекува на крајот од сезоната да замине од Ал Хилал или пак саудискиот клуб ќе реши и да му го раскине договорот.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |