September 16, 2025 | | Свет
Викендов, на натпреварот во Лига 1 меѓу ПСЖ и Ленс, во центарот на вниманието не беа само играчите, туку и тренерот на парискиот клуб, Луис Енрике. Имено, стратегот на „светците“ наместо покрај аут-линијата, одлучи мечот да го следи од новинарската ложа, од каде што беше во постојана комуникација со своите соработници. Енрике објасни дека инспирацијата за ваквиот потег ја добил од рагби-тренерите, кои често ја следат играта од повисока позиција за подобра анализа. „Долго време ги гледам тренерите на рагби како ги анализираат натпреварите од сосема поинаква перспектива. Сакав да го гледам првото полувреме од трибините и беше одлично. Поинакво е, можам да контролирам сè,“ изјави шпанскиот тренер. Тој најави дека оваа практика ќе стане дел од неговиот пристап и во иднина. „Тоа е интересна опција што ќе ја користам понатаму. На овој начин може да се одржи совршен говор на полувреме бидејќи јасно се гледа кој играл добро, а кој не. Имаме многу директни информации,“ додаде Енрике. Следниот предизвик за ПСЖ е во Лигата на шампионите, каде што утре ги очекува тешко гостување кај италијанска Аталанта.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |