Предавство на талентот на Арсенал: Одлучи да премине во Јунајтед!

July 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Предавство на талентот на Арсенал: Одлучи да премине во Јунајтед!

Еден од најголемите таленти на Арсенал Чидо Оби-Мартин реши да ги предаде „топџиите“ и да премине во Манчестер Јунајтед. Тој одбил поголеми понуди од тимови од Германија за да премине во тимот од Манчестер. Еден од клучните луѓе кој успеал да го убеди Оби-Мартин е Руд Ван Нистерлој кој од летово е асистент на Ерик Тен Хаг. Фабрицио Романо пренесува дека токму тој бил клучен за овој трансфер. Оби-Мартин го привлече вниманието откако во победата на Арсенал во младинските категории со 9-0 славеа против Норвич, а тој постигна седум голови. Сезоната ја заврши со вкупно 24 гола. Тој прво играше за Данска која е негова родна земја, а потоа одигра два натпревари и за Англија, но сепак на крај одлучи да настапува за селекцијата на Данска.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.