Преговорите сѐ уште траат: Челси испрати две понуди за Санчо!

August 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Преговорите сѐ уште траат: Челси испрати две понуди за Санчо!

Според информациите на добро информираниот Фабрицио Романо, Челси испратил дури две понуди до Манчестер Јунајтед за Џејдон Санчо. Едната понуда е позајмица со опција за откуп на Санчо наредното лето, а другата понуда е позајмица со обавезен откуп, каде висината на трансферот кај првата и втората понуда се различни. Челси има постигнато комплетен договор со Санчо, а последните информации се дека Јунајтед инсистира да бидат исполнети нивните услови во однос на клаузулата за откуп и во однос на тоа кој клуб колкав процент ќе плаќа од платата на Англичанецот. Остануваат уште неколку часа каде се очекува да дојде до конечен договор.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.