July 9, 2025 | | Свет
Иако се чинеше дека трансферот на Виктор Ѓокереш во Арсенал е прашање на време, преговорите меѓу англискиот и португалскиот клуб се во ќор-сокак. Делегацијата на „топчиите“, предводена од спортскиот директор Андреа Берта, си заминала од Лисабон без постигнат договор со Спортинг, пренесува португалскиот весник „Рекорд“. Причината за застојот се условите за трансфер – Спортинг бара 70 милиони евра фиксно, плус 10 милиони во бонуси, додека понудата на Арсенал е структуирана како 65 милиони + 5 милиони + 10 милиони евра. Иако Ѓокереш веќе има постигнат личен договор со Арсенал за петгодишна соработка, сега трансферот е доведен во прашање. Швеѓанецот, кој донел одлука да не игра повеќе за Спортинг, е загрижен дека договорот може да пропадне, а според информации од Островот, неговиот табор е подготвен да чека до последните денови од преодниот рок. Како можна алтернатива, се споменува и позајмица во друг клуб, доколку трансферот не се реализира, а ситуацијата се споредува со минатогодишната сага околу Виктор Осимен. Сепак, надежите сè уште постојат – според „А Бола“, Арсенал е подготвен на крајот да ја исплати целосната побарана сума и да го комплетира трансферот. Ќе биде потребна флексибилност од двете страни доколку Швеѓанецот наскоро треба да го облече дресот на клубот од „Емирати“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |