October 11, 2024 | | Свет
Реал Мадрид се соочува со огромни проблеми со реновираниот „Сантијаго Бернабеу“. Имено, освен тоа што градежните работи сè уште не се завршени и што постојат естетски и структурни проблеми, постои и правна битка. Од претходно е позната информацијата за паркингот околу стадионот кој Реал со помош на Градот Мадрид незаконски го приватизираше, иако станува збор за јавна површина, а потоа го „изнајми“ на Градот и така ги оставија жителите на населбата без паркинг. Исто така, станарите на околните згради го тужеа клубот, Градот и изведувачите на работите на стадионот каде всушност стануваше збор за компанијата на Флорентино Перез кој има градежна фирма поради бука, па инспекцијата забрани да се работи во ноќните часови. После тоа, стадинот почна да прокиснува, а металната фасада почна да се распаѓа. Во исто време, помпезно најавуваното осветлување никогаш не беше ставено во функција, а механизмот што го „повлекува“ и складира тревникот мистериозно престана да работи. Потоа следуваше нова тужба поради познатиот паркинг, но и судски спор поради вревата на натпреварите и концертите. Инспекцијата излезе на терен и утврди дека звучната изолација на „Сантијаго Бернабеу“ е под сите стандарди и дека бучавата значително ги надминува дозволените граници. На Реал Мадрид му беше наредено да постави изолациски панели, со што драстично се менува надворешноста на стадионот. Во медиумите во Шпанија произлезе и една шокантна информација. Имено, прво беше утврдено дека концертите на стадионот на Реал се одржуваат без дозвола, а дополнителното „копање“ на адвокатите кои ги застапуваат жителите на околината утврдиле дека Реал Мадрид останал без употребна дозвола за одржување на концерти на својот стадион уште пред 23 години. Накратко, никакви настани, било да се тоа концерти, свадби, тепачки, тениски натпревари и во крајна линија фудбалски натпревари, не би смееле да се одржуваат на овој стадион. Шокантната вест вчера ја објавија повеќе шпански медиуми, а тоа е официјална информација потврдена од градските власти.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |