March 18, 2025 | | Свет
Њукасл со триумфот во Лига купот обезбеди учество во Конференциската лига наредната сезона, но постои сценарио кое би довело до неверојатни 11 англиски клубови во европските натпреварувања. Иако ова е малку веројатно, сепак, шансата постои доколку се поклопат одредени резултати. Што треба да се случи за Премиер лигата да испрати 11 екипи во Европа? Ливерпул, Арсенал, Манчестер Сити и Нотингем Форест да се пласираат директно во Лигата на шампионите како четири најдобри тимови. Со тоа, Њукасл, благодарение на високите УЕФА коефициенти за тековната сезона, би добил место како петти англиски претставник во ЛШ, доколку заврши зад водечката четворка. Брајтон да заврши како шестопласиран тим и да обезбеди место во Лига Европа, додека Борнмут, како седмопласиран, да влезе во истото натпреварување со освојување на ФА Купот. Челзи, доколку заврши осми и ја освои Конференциската лига, би добил влез во Лига Европа. Астон Вила да биде деветта на табелата, но истовремено да ја освои Лигата на шампионите, што би ѝ обезбедило директен пласман во елитното натпреварување наредната сезона. Манчестер Јунајтед или Тотенхем да го заземат 10-тото место, но да стигнат до Лигата на шампионите со освојување на Лига Европа. Доколку сите овие услови се исполнат, Њукасл би го загубил местото во Конференциската лига, а единаесеттопласираната екипа во Премиер лигата би станала новиот учесник во европските натпреварувања.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |