Премиерлигашки клуб сериозно размислува да го донесе Хумелс!

August 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Премиерлигашки клуб сериозно размислува да го донесе Хумелс!

Откако Матс Хумелс ја одби Болоња како негова следна дестинација, сега има опција да премине во Премиер лигата. Според новинарот на „Sky Sports Deutschland“, Флоријан Плетенберг, Брајтон сериозно размислува да го потпише Хумелс бесплатно. Тренерот на Брајтон Фабијан Хурцелер лично го побарал Хумелс за да се обиде да го убеди да премине во нивниот клуб. Брајтон е многу отворен за да потпише искусен дефанзивец каде Германецот минатата година особено во Лигата на Шампионите покажа дека се уште може да игра на највисоко ниво.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.