Пресметано колку бодови ќе бидат потребни за пласман во наредната фаза на ЛШ

September 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Пресметано колку бодови ќе бидат потребни за пласман во наредната фаза на ЛШ

Утре започнува новата сезона во Лигата на шампионите и ова ќе биде првата со новиот формат. Сега фановите ќе бидат сведоци на лигашки систем во кој сите екипи се во една група и секоја екипа ќе одигра со осум различни противници, четири натпревари ќе одигра дома, а четири во гости. Првите осум тимови продолжуваат понатаму, а од 9. до 24. место ќе играат бараж, а останатите екипи испаѓаат. Преку системот Ело кој најчесто се користи во шахот била направена пресметка за тоа колку поени се потребни за да се пласира една екипа во следната фаза. Во 43% од случаите, за влез во осминафиналто ќе бидат потребни 15 бодови, во 30% од случаите потребни биле 16 бодови, а во 21% 14 бодови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.