Пресврт: Барса го убеди стоперот да остане!

January 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Пресврт: Барса го убеди стоперот да остане!

Планот на Јувентус овој преоден рок беше сериозно да се засили на стоперската позиција. Нивната главна цел беше Роналд Араухо, стоперот на Барселона кој имаше дадено зелено светло за овој трансфер. Но, сега клубот е убеден дека Араухо ќе остане и дека нема да замине. Спортскиот директор Деко разговарал со Араухо и успеал да го убеди да остане. Оваа вест ја објавија повеќе познати новинари меѓу кои и Фабрицио Романо. Бил обавен долг и важен разговор директно со играчот, а сега постои можност наскоро да дојде и до продолжување на соработката. Претходните денови излегоа информации дека агентите на Араухо си поигрувале со него и дека воопшто не му ги доставувале понудите на Барселона за нов договор, туку само оние од другите клубови кои биле финансиски подобри за да го убедат да го напушти клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.