January 13, 2025 | | Свет
Иако последните денови се појавија гласини дека Ељиф Елмас би можел да го напушти РБ Лајпциг во зимскиот преоден рок и да замине на позајмица до крајот на сезоната, информациите на Gol.mk откриваат друга приказна. И покрај интересот од бројни европски клубови кои сакаа да го ангажираат македонскиот „дијамант“ на шестмесечна позајмица, Елмас останува во германскиот клуб. Тренерот Марко Розе засега го држи Елмас надвор од првиот тим, но останува да се види дали таквата ситуација ќе продолжи до крајот на сезоната. Трансферот од Наполи во Германија беше замислен како пресвртица во неговата кариера, но досега не донесе поголема минутажа или позначајна улога во тимот. Елмас досега одигра само 22 натпревари за Лајпциг, претежно влегувајќи од клупата за резерви, и не успеа да постигне гол. Претходно, тој со успех играше за италијанскиот Наполи, откако дојде од Фенербахче, каде пристигна од домашниот Работнички. Оваа ситуација сигурно не е охрабрувачка за селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски. Сепак, Елмас останува важен дел од националниот тим, како што покажа и со своите настапи во циклусот од Лигата на нации.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |