Претпазливо и досадно полувреме: Двете селекции немаа конкретни шанси!

July 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Претпазливо и досадно полувреме: Двете селекции немаа конкретни шанси!

Нерешено и без голови е на полувремето во финалето на Европското првенство меѓу Шпанија и Англија. Натпреварот подобро го започна Шпанија каде ја држеше топката и воспостави контрола, а потоа и Англија покажа знаци на будење. Во главно, Шпанија ја имаше топката, а и двете селекции беа без конкретни шанси. Паднаа два жолти картони, еден за Кејн, а друг за Дани Олмо. Се игра претпазливо, а ова за гледачите е очигледно досадно. Она што сите се надеваат е подобро второ полувреме. Единствената шанса која ја видовме беше во судиското надополнување кога Фил Фоден по изведување на слободен удар се најде пред голот на Шпанија, но не успеа да го совлада противничкиот голман, Симон беше на вистинското место.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.