Приоритет за Аморим е лев бек: Опции се двајца брзоноги играчи

November 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Приоритет за Аморим е лев бек: Опции се двајца брзоноги играчи

Според информациите на новинарот Флоријан Плетенберг, приоритет за Рубен Аморим е левата бековска позиција. Единствен лев бек во клубот моментално е Лук Шо кој често е повреден, па тренерот дефинитивно не може да се ослони на него. Опции кои Јунајтед ги разгледува се Алфонсо Дејвис и Тео Ернандез. Дејвис останува посакувана цел, но во моментов се чини дека оваа операција е тешка за да се изведе. Дејвис активно преговара со Реал Мадрид кој наводно е фаворит за негов потпис. Што се однесува до Ернандез, тој е другиот бек кој е на листата на „црвените ѓаволи“. Неговиот договор истекува во 2026 година, па Јунајтед би можел да се обиде да го ангажира летото. Не е тајна дека Милан сака да му го продолжи договорот на Тео, но се уште не е јасно дали истата желба ја има и францускиот репрезентативец.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.